Во новиот број на неделникот Република, кој е во продажба од утре 15 април 2016 година, ќе читате:
Има ли крај лудилото на СДСМ и на Сорос?
Заев најави украинско сценарио
Иванов го стори тоа што мислеше дека е најправедно, со аболирање на Заев, Верушевски, на „чадорот“. Што (ќе) стори Заев, тоа веќе не е прашање. Прашањето е „до каде“ ќе се дозволи да оди Заев. Неговите граници може да му ги исцрта само народот. На начин на кој повика Иванов, со ставање крај на омразата, или таму каде што повикува Заев – на улица. Заев се заканува, криминалците организираат, хулиганите испорачуваат. Таквата шема на дејствување не ја спречува ниту аболицијата, инаку втора по ред, на предводникот на тоа што остана од СДСМ, ниту, пак, споменувањето на претседателот Иванов дека е доста странски интервенции во државата, кои ставајќи го Заев „под чадор“, ги закрвија политичарите и народот во двегодишна беспоштедна битка наречена „најголема политичка криза“. Но зад кулисите на кризата се крие најголемата стапица – безбедносна криза.
Претседателот го амнестираше криминалот на СДСМ
Се спасивте од судот, од народот нема
Може да се прифати намерата на претседателот со актот за општо помилување да стави „крај на политичкото лудило“, но тешко е да се поверува дека преку ноќ учесниците во кризата ќе седнат и ќе си подадат рака во интерес на државата. Колку и да е искрена желбата на Иванов да даде свој придонес во решавање на кризата, неговиот потег има многу отворени прашања поради кои, засега, само најголемите оптимисти веруваат дека потегот може сериозно да придонесе за некакво национално помирување. Тоа што особено иритира во ситуацијата и ги оправдува песимистите во сомневањата дека работите ќе се сменат на подобро е хипокризијата на опозицијата, на нејзините медиумски платеници и на инволвираните претставници на меѓународната заедница. Истите тие што глумат шокираност од одлуката за општа амнестија, пред точно една година не само што го најавија ваквиот расплет на кризата, туку и точно наведоа кој стои зад иницијативата.
Заев гробар на сопствената партија
Со бојкот до самоуништување на СДСМ
Скришно и далеку од очите на сопартијците и на дипломатите, Заев, веројатно, многу ѝ се радува на новата аболиција, но „тик-так, тик-так“ прашање на време е кога чадорот и Сорос ќе го побара своето. Дотогаш, а како што се чини и по тоа, лидерот ќе продолжи да ја игра улогата на чичко Кумплунг, кој во неговиот случај, ја уништува иднината не на семејството, туку на сопствената партија. Државата ќе ги преживее нивните најнови глупости, протести, бојкот, „невладини“, плачки до меѓународната заедница и секакви новокомпонирани антинационални изливи… И Македонија и граѓаните одамна се навикнаа и отрпнаа на начинот на кој СДСМ „кризира“ по нова доза внимание.
Интервју: Кирил Миноски
Целта е УЈП да биде сервис на граѓаните
Една од нашите основни цели на која ќе ставиме посебен фокус во стратегијата е креирањето даночна управа што ќе биде блиска до даночните обврзници, која ќе им помогне и ќе го олесни пристапот до услугите што ги нуди УЈП. Идејата е да развиеме комплетен систем на управување клиенти, таканаречен ЦРМ, со цел за сѐ што е нејасно во врска со работењето на УЈП, или со примената на определена даночна регулатива, да може да се комуницира со УЈП на соодветен начин. Во таа насока, со помош на определени европски фондови, работиме на спроведување на новиот модел на контактниот центар, кој ќе овозможи непосредно, преку телефонски контакт, даночните обврзници да добиваат информации за работењето на УЈП, како и за состојбите поврзани со своите даночни картички, дали должат, дали побаруваат данок или, евентуално, да добијат одговор на други прашања што се поврзани со нашето работење.
На некој начин, целта ни е како управа да бидеме клиентски ориентирани кон даночните обврзници. Бидејќи нашата основна цел, целта на УЈП, на прибирањето на овие средства е, во суштина, финансирање на проектите во сферата на социјалата, здравството, образованието. Парите што ги собира УЈП, во суштина, се користат на алиментирањето на сите функции на државата.
Хероите се бројат на прсти
Најпознатиот анонимен македонски полицаец
Да дојдеа зборовите „Ова е моја земја и јас сум подготвен да умрам за неа“ од некој друг, можеби, дел од дежурните критизери ќе имаа можност и ова искрено обраќање да го извртат и да го прогласат за политички памфлет. Но кога тие доаѓаат од колега на загинатите осуммина во Куманово, од колега на загинатите во Вејце, од колега на триесетината полицајци што лани беа повредени во протестите пред владата, од колега на стотината загинати и ранети во акции што носеле стабилност за Македонија, никој не смее да ги потценува.
Особено затоа што, освен што искажаните зборови се искрени и вистинити, тие носат и огромна доза на верба во луѓето дека не е сѐ толку црно во Македонија. Во време кога егоизмот и личните интереси за многумина стануваат поважни од патриотизмот, вистинско освежување и охрабрување е да се слушне дека некој е подготвен да умре за Македонија, се разбира, со сета надеж дека тоа нема навистина да се случи. Во време кога парите, социјалниот статус, материјалните вредности се приоритет за најголем дел од граѓаните, сите се изненадивме дека некој е подготвен да го даде животот за Македонија.
Мегапроект во земјоделството
Со капка по капка до зголемени приноси
Со спроведување на системот капка по капка, кој ќе претставува мегапроект во земјоделството, се очекува неколкукратно зголемување на приносите и подобрување на квалитетот на земјоделските производи, што целосно ќе го крене на нозе овој сектор. Недостигот на наводнување досега им задаваше главоболка на земјоделците, кои ќе насадеа земјоделски култури, но поради недостиг од вода добиваа десеткувани и неквалитетни производи, кои на пазарот постигнуваа ниски цени. Придобивката од поставување на системот капка по капка ќе го почувствуваат сите земјоделци, и раноградинарите и лозарите и овоштарите. Ќе се субвенционира и ископ на бунари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст