Ерата на латиноамериканските серии и официјално е зад нас, а пустото турско повторно гази на овие простори. Да се потсетиме по кои фраери се воздивнуваше пред една деценија и дали вкусовите еволуирале, па наместо по мускули, денеска се паѓа на бркови
Освалдо Риос
Ова лице ви е многу добро познато, го гледавте во „Касандра” и тоа во двојна улога – ги глумеше браќата близнаци Игнасио и Луис Давид Контрерас, а по оваа хит серија сними уште десетина. Додуша, Освалдо остаре во последниве 15 години, но сѐ уште добро се држи. Сега живее во Холивуд и снима филмови, а со најголемо задоволство прикачува селфија на друштвените мрежи.
Даниел Аренас
Лицето на Дaниел го памтите од серијата „Дива мачка”, а имаше и забележителна улога во теленовелата „Нескротливо срце”. Освен што снима теленовели, се занимава и со театар и филм, а важи за еден од најдобрите фраери од латино сериите.
По потекло е од Колумбија, но живее и работи во Мексико.
Фернандо Колунга
„Злобничка”, „Есмералда”, „Есперанса”, „Прегрни ме цврсто”… листата на серии во кои сме го гледале ова лице е предолга и затоа речиси да нема човек кој нема веднаш да го препознае Фернандо. Ако тој игра во некоја теленовела, речиси е сигурно дека таа ќе биде популарна во целиот свет. Маркантниот заводник кој ги освои Македонките со улогата на Карлос Даниел во „Злобничка” по струка е дипломиран инженер.
Бурак Озчивит
Познат како Бали бег или едноставно како најјакиот фраер од „Сулејман Величествениот”. Турскиот актер и модел ги освои срцата на Македонките уште со првиот кадар во кој се појави во мегасеријата, но веднаш почна да се зборува дека убавецот е геј. Тој, пак, ги замолча сите со тоа што објави дека ќе се жени, па жените станаа уште поразочарани.
Киванч Татлитуг
За своето место во мечите се избори преку серијата „Забрането овошје”. Овој актер со манекенство се занимава од 2002 година, кога беше прогласен за најубавиот модел на светот. Поради руста коса и сините очи, но и извајаните мускули, го заслужи прекарот „турскиот Бред Пит”.
Киванч има 31 година и е во врска со дизајнерката Башак Дизер.
Кенан Имирзалиоглу
Доволно е да се рече само Езел. Или Карадај. Да, да подобро е Карадај. Или сеедно, овој убавец, кој е доказ дека убавината и паметта одат рака под рака, иако е дипломиран математичар, никогаш не се занимавал со бројки и формули. Тој глуми во серии и филмови, а работел и како модел. И за него се зборуваше дека е геј, што многу го налути, па почна да ровари по туѓи постели. Во моментов е во врска со бившата девојка на Арда Туран, колешката Синем Кобал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст