| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ за украинското сценарио: Тоа што криминалецот Заев го најави, дивите орди го реализираа

Iskrsen kabinetot (6) (Large)

фото: А. Ивановски

Тоа што криминалецот Зоран Заев го најави на Телма во режираното интервју, дивите орди на СДСМ и на Сорос почнаа вечерва да го реализираат по улиците на Скопје.

„Без грам совест и грижа за иднината на земјата, злосторникот Зоран Заев јасно кажа дека во Македонија се поставени сериозни темели за украинско сценарио. Истото сценарио кое во меѓусебната комуникација го најавуваа Верушевски и другите креатори“, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по вечерашното дивеење во центарот на градот.

Од владејачката партија констатираат дека исход на сценариото во Украина досега се десетици илјади мртви и поделена држава. Поделба на Македонија, која што вчера ја побараа партнерите на Зоран Заев од Беса.

Iskrsen kabinetot (3) (Large)

фото: А. Ивановски

„Дивите орди инструирани од Заев и Сорос вечерва палеа и кршеа низ Скопје. Хулиганите предводени и поттикнати од СДСМ ја напаѓаа полицијата и каменуваа се што им се најде на патот. Идеите на налудничавиот Зоран Заев резултираа со повредени новинари и десетици искршени прозорци“, се вели во дописот од партијата.

Зоран Заев и СДСМ ќе одговараат за анархијата во којашто се обидоа да ја втурнат Македонија.  Кога ноторен криминалец говори за правда и борба против криминал, не е ништо друго освен поигрување со разумот на народот.

Заев си поигрува со разумот на народот, стои во реакцијата.

Iskrsen kabinetot (7) (Large)

фото А. Ивановски

„Кога крадец кој ја претвори Струмица во град каде што работат само неговите семејни фирми зборува за чест, не е ништо друго освен поигрување со разумот на народот. Кога неурамнотежен лик како Заев се заканува „живи луѓе ќе јадеме“ и негови орди напаѓаат и демолираат по улици, а тој бара демократија, не е ништо друго освен потценување на народот“.

Македонскиот народ никогаш нема да наседне и нема да застане на страна на ваквите криминалци, констатираат владејачката партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top