| четврток, 6 декември 2018 |

Каракамишева: Претседателот не излезе надвор од своите надлежности

Во вестите на ТВ Нова, професорката Тања Каракамишева зборувајќи за одлуката на претседателот Ѓорге Иванов истакна дека овој акт може да значи многу, зависно од тоа со каков фокус и внимание го гледаме.

karakamiseva

-Факт е дека претседателот има уставна и законска можност и право да носи вакви акти. Претседателот има право во секоја фаза од кривичната постапка да донесе акт со кој ја прекинува постапката во судот, рече таа.

Каракамишева додаде дека одлуката е согласна со правото и дека не се работи за државен удар.

-Ова не е државен удар, туку тој сака да му ги земе алатките на друг што правеше државен удар. Уставот му дава право на претседателот да биде одговорен за државата. Тој е татко на земјата и должен е да ги претставува интересите на сите граѓани. Одлуката има политичка тежина и може да биде сфатена вака или онака, меѓутоа се работи за сосема легитимен акт, истакна Каракамишева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top