| четврток, 6 декември 2018 |

За вечерва најавени масовни протести пред седиштето на СДСМ

 

protesti_kontra_protesti-640x391Незадоволни граѓани револтирани од одлуката на Ѓорге Иванов да ги помилува криминалите на Зоран Заев и Зоран Верушевски спонтано почнале да се собираат на голем протест кој треба да се одржи пред седиштето на СДСМ.

Порталот Инфомакс јавува дека спонтаниот собир бил испровоциран од одлуката на Иванов, а демонстрантите сметаат дека е неприфатливо по втор пат двајцата да бегаат од лицето на правдата и да го избегнуваат законот, објавува порталот.

Зоран Заев беше обвинет за шпионажа и уценување и заканување против високи државни фукнционери, додека Верушевски за велепредавство и незаконско прислушување.

Денес Претседателот Иванов донесе општ акт за аболирање на сите обвинети политичари од СЈО со цел да се смири тензијата помеѓу партиите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top