| четврток, 6 декември 2018 |

Проектите на македонската влада успешно се копираат и се спроведуваат и во регионот

penzioneri banjsko lekuvanje

Деновиве Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Србија ги повика пензионерите да се пријават за бесплатна десетдневна рехабилитација во некоја од српските бањи, поволност што македонската влада им ја овозможи на нашите пензионери уште во 2010 година.

Колку се успешни проектите на Владата на Република Македонија потврдува и фактот што ова не е единствениот проект кој е преземен и спроведен во регионот. Во почетокот на годинава Србија го презема „Мој термин“.

moj termin

„За пациентите побрзо да доаѓаат до здравствени услуги, а лекарите да помогнат навреме, неопходен е модерен и ефикасен здравствен систем. Тоа минатите години многу се најавуваше во Србија и веќе со години се очекува. Нашата екипа беше во Македонија, земјата која на ова поле направи многу, за што доби пофалби од Европската унија, а чиј модел го превземаме и ние“, се вели во прилогот на РТС.

Македонскиот пример за привлекување на странски инвестиции преку организација на роуд-шоуа за промоција на одличните услови за правење на бизнис во државата веќе го реализираат Србија, Хрватска, Романија и Грција, а албанските власти го оценуваат како исклучително позитивен.

Србија започна и со легализација на бесправно изградени објекти, а го презема и концептот за избор на раководни лица преку конкурс.

Во Хрватска веќе две години се спроведува владината мерка за отпис на долгови на социјалноранливите категории граѓани. Во оваа држава од 2011 година се спроведуваат мерки за стимулирање на самовработувањето преку доделување на финансиска помош за реализација на бизнис план и самовработување, а се доделуваат и кредитни средства од 3.000 евра за едно работно место на невработени лица кои се заинтересирани да почнат сопствен бизнис, мерка каква што се спроведува изминативе години и во нашата држава.

kupi-kuka-za-mladi

Македонските проекти „Купи куќа купи стан“ и проектот за изградба на станови за лица од социјалните категории граѓани и млади брачни парови, беа причина и во Србија и Хрватска да се работи на создавање на можности за решавање на станбеното прашање на граѓаните со пониски примања и социјален ризик.

Проектот „Македонија вработува“  ја поттикна Владата на Република Словенија да подготви законски измени со кои би се дефинирало ослободување од плаќање на придонеси за компаниите кои ќе вработат постари лица.

makedonija-vrabotuva-300x250

За политичките аналитичари и експертската јавност овие примери, но и голем број други преземени законски решенија, проекти и мерки од програмата на македонската влада, претставуваат признание за визијата при дизајнирање на проектите и мерките во различните сфери и области. Ова е позитивен пример на градење на имиџот на нашата држава во регионални и меѓународни рамки и доказ дека нашата држава континуирано работи на спроведување реформи и креативни проекти и мерки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top