Поранешниот потпретседател на ФИФА, Алфредо Хавит, денеска призна дека примал мито при продажбата на маркетиншките права за одредени фудбалски натпреварувања. Хавит пред Судот во Бруклин призна дека примил стотици илјади долари мито. Тој излезе од затвор со кауција, а следниот пат пред Судот ќе се појави во октомври. Хавит ќе плати 950.000 американски долари за да се брани од слобода.
– Знаев дека е погрешно да примам толкави исплати – изјави Хавит, признавајќи ја вината во случајот во кој се опфатени повеќе од 40 лица ширум светот.
Обвинителството соопшти дека фудбалските челници во последните 25 години земале стотици милиони долари во аферата со нелегална исплата. Хавит, адвокатот од Хондурас, од јуни до 3.декември минатата година беше претседател на КОНКАКАФ.
Поранешниот претседател на Хондурас, Рафаел Калјехас, кој беше член на Комитетот на ФИФА за телевизија и за маркетинг, минатиот месец призна за ’рекетирањето’ што било правено при продажбата на телевизиските и маректиншките права за мундијалите во 2014, 2018 и 2022 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.