| четврток, 6 декември 2018 |

Десетте најпродавани книги во историјата

На следната листа се наоѓаат десетте најпродавани книги во историјата, кои луѓето, ширум светот ги препознале како едни од најдобрите и најинспиративните, па затоа не е ни чудно што се и најпродавани.

Приказна за два града – Чарлс Дикенс

Овој роман се појавил во 1859 година, а дејствието е сместено во Лондон, пред и за време на француската револуција. Со повеќе од 200 милиони продадени примероци се смета за една од најпродаваните книги на сите времиња.

Господар на прстените – Џ.Р.Р. Толкин

Хронолошки претставува продолжение на „Хобит“ кој првобитно имал наслов „Војна за прстен“, но потоа книгата е објавена како „Господар на прстените“. Оваа книга со епска фантастика ја напиша Џон Толкин. Иако познатата трилогија „Господар на прстените“ е поделена во шест дела на крајот, поради полесно дистрибуирање е објавена во три дела. По нив е снимен и филм кој ширум светот доживеја неверојатен успех.

Хобит – Џ.Р.Р. Толкин

„Хобит“ е претходник на романот „Господар на престените“. Првобитно бил напишан како книга за деца, која имала елементи од митологијата, а подоцна послужила да се поврзат „Хобит“ со „Господар на прстените“. Дејствието во романот се случува во Третото доба (тоа е сметањето на времето по Толкин).

Сонот во црвениот Павилјон  – Цао Хсуечин

Ова е кинески роман од 18. век. Авторот Цао Хсуечин романот го објавил анонимно, но подоцна било утврдено дека тој го напишал. За својот роман „Камен“ напишал 80 поглавја, но по неговата смрт биле додадени уште 40 и името на романот е сменето во „Сон во црвениот павилјон“. Романот има 30 главни у преку 400 спородени ликови, главно женски.

10 мали црнци – Агата Кристи

Десет луѓе од различни општествени слоеви меѓусебно не се познаваат и иако делува дека не се во никаква врска, ќе бидат донесении на еден измислен остров. Кога ќе пристигнат таму, нивните домаќини се отсустни, така што тие се препуштени на слугите.

Лав, вештерка и орман – С. Е. Луис

Ова е роман напишан за деца во 1950 година, а дејствието се случува во 1940 година. Ова е втора, а воедно и најпознатата книга од серијалот „Летописите на Нарнија“. Луис овој роман го посветил на Луси Барфилд, чиј кум бил.

Таа: Историја на авантурите – Х. Рајдер Хагард

Во весникот „Д график“ првпат бил објавен во продолженија. Веднаш по објавувањето стекнал голема популарност. Заплетот во прво лице го опишув патувањето на Хораци, Холи и неговиот штитеник во изгубеното кралство во вантрешноста на Африка. Таму пронашле раса со која владеела кралицата Ајеша позната и како „Таа“ или „Таа која мора да се слуша“.

Малиот принц – Антоан де Сент Егзипери

Сент Египери го напиша „Малиот принц“ додека бил во САД, преведен е на преку 180 светски јазици и е продаден преку 80 милиони примероци ширум светот.

Кодот на Да Винчи – Ден Браун

Во делата на Леонардо да Винчи се скриени мистериозни шифри. Вистината која е криена со векови конечно е откриена. Загатка стара повеќе од две илјади години ќе го дожиевее својот врв. Ден Браум комбинира историски моменти со фикција.

„Ловец во жито“ – Џ.Д. Селинџер

„Ловец во жито“ или „Ловец“ е роман од 1951 година. Книгата стана позната поради темите: тинејџерска збунетост, бунт, отуѓеност и била наменета за возрасни. Протагонистот и антихерој, Холден Кофилд станал икона на тинејџерскиот бунт. Преведена е на многу светски јазици , а од година во година се продаваат преку 250 илјади примероци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top