| четврток, 6 декември 2018 |

Тајната на свекрвата на Јелена – не дошла на погребот за да не ја загрози својата енергија

син

Свекрвата на убиената пејачка Јелена Марјановиќ, Зорица, е најтаинствена личност во семејството и многумина се сомневаат дека таа крие тајни кои би можеле да доведат до разрешување на злосторството.

Таа ниту еднаш не се појави во јавноста, ниту, пак, дала изјава откако Јелена настрада, дури не се ни појавила на нејзиниот погреб, што на луѓето им било чудно.

-Зорица е многу чудна личност која се занимава со биоенергија и со надрилекарство и токму во тоа лежи причината за нејзиното чудно однесување. Иако засега нема индиции дека она со што се занимава Зорица е како било поврзана со убиството на пејачката, многумина сметаат дека оваа мистериозна жена целото злосторство го прави покомплицирано – пишува „Информер“.

-Со неа не можете да зборувате, таа не смее да дава какви било изјави за медиумите, поради она со што се занимава. Исто така, Зорица не смее да пријде ниту на гробишатата, и поради тоа не беше на погребот, како ни на испраќањето на многу наши драги луѓе. Не смее на гробишта бидејќи таму има многу лоша енергија и ако се појави таму, би ја загрозила својата енергија, а верувајте дека ѝ беше многу тешко, бидејќи Јелена ја сакаше многу – рекол Владимир Марјановиќ, свекорот на пејачката.

-Кога било што би кажала за медиумите, тоа би се толкувало како рекламирање кое не е дозволено кога им помагате на луѓето со вера. Покрај тоа би биле на удар на разни црни магии и секти. Не можама да влијаам на тоа што ќе напишете, но морам да ви кажам дека во животот сѐ се враќа. Ако ѝ наштетите на Зорица, тоа ќе ви се врати. Така што внимавајте. На овој свет таа е многу силна – додал Владимир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top