| четврток, 6 декември 2018 |

СЈО работи како семејна и партиска фирма

Специјалното јавно обвинителство на Kатица Јанева доби 34 нови вработени за кои во јавноста се појавија информации дека се деца и роднини на обвинителите што работат во ова обвинителство или се блиски пријатели на Јанева и на нејзиното семејство.

specijalno_obvinitelstvo
Тројца нововработени, Елена Јосифоска, Владимир Миладиновски и Љупчо Чучурски, пак, се во директна роднинска врска со обвинители од СЈО.

Конечниот избор за овие нововработени го правела токму Јанева.
Непотизмот по дефиниција е термин што означува пополнување работни места со членови на сопствените семејства и давање предност при вработување на познати лица. Критериумите стручност и способност за одредена функција во ваквите случаи не ја играат пресудната улога.

Дури шестмина од вработените се од родниот град на Јанева, Гевгелија, за дел од нив проструија информации дека се, всушност, пријатели на специјална обвинителка или членови на нејзиното потесно семејство.

Во СЈО молчат иако им должат одговори на граѓаните. Тие не ја информираат јавноста за ваквата одлука иако станува збор за огромна сума средства што на сметка на СЈО се одлеваат од Буџетот.
На прашањата на „Дневник“, од СЈО испратија апсурден одговор.

– Од СЈО ја потврдија и роднинската поврзаност на дел од нововработените со обвинители од самото обвинителство, но тврдат дека нивниот избор бил законски, а се работело за најдобри кандидати или, пак, за единствени со комплетна документација од пријавените. Така од СЈО велат дека за позицијата што ја добила ќерката на Јосифоска биле барани шест извршители, а биле пристигнати 14 пријави. Од нив дури осум пријави биле со некомплетна документација, при што изборот морало да падне на овие шест, меѓу кои и Елена Јосифоска – пренесе весникот.

– Сите шест лица се примени со уредна документација – велат од кај Јанева.
Миладиновски, пак, конкурирал за работно место за кое имало место за еден извршител. Стигнале три пријави, но само Миладиновски имал комплетна документација.

Според стручњаците, јасно е дека се работи за мегаломанство и за расфрлање со парите на македонските граѓани.

Една од нововработените е и Елена Јосифоска, чијашто мајка е обвинителка токму во СЈО, односно е дел од тимот на Катица Јанева. За скандалот да биде поголем,нејзината ќерка не е единствената роднина на Јосифовска која добила решение. Во СЈО е вработен и Владимир Миладиновски, кој е дел од нејзиното семејство.

Обвинителот Гаврил Бубески во СЈО си го вработи својот прв братучед од Берово, Љупчо Чучурски. Од СЈО нема одговор за тоа со дали ќерката на обвинителката Елизабета Јосифовска, Елена Јосифовска и братучедот на Бубевски, Љупчо Чучурски започнале со работа, од повторно ја потврдуваат роднинската поврзаност, но велат дека е согласно законските овластувања Специјалната јавна обвинителка имала донесено одлука за вработување на лица кои ги исполнувале законските услови.

-По однос на прашањата за ангажманот на лица кои се во блиски родбински врски со јавни обвинители во ова јавно обвинителство би сакале да појасниме следното:

За работната позиција на која е вработено едно од лицата за кои прашувате, согласно огласот се барало 6 извршители. По овој оглас пристигнати се вкупно 14 пријави при што 8 пријави се со некомплетна документација за исполнување на сите услови наведени во јавниот оглас, а пропишани во законските прописи, додека останатите шест пријави се комплетни.

За работната позиција за друго од лицата за кои прашувате, објавено е едно работно место, при што пристигнати се 3 пријави, од кои две се со некомплетна документација и една беше со комплетна документација (на лицето што потоа е вработено). За работната позиција за трето од лицата за кои пројавивте интерес, Ве известуваме дека објавено беше едно работно место, при што пристигнати беа 8 пријави, од кои 5 со некомплетна документација, додека 3 беа уредни и од уредните пријави беше извршен избор, велат од СЈО, но не откриваат за која сума се ангажирани овие и останатите лица неодамна вработени во СЈО.

Јанева располага со огромни средства кои и се доделени од буџетот, но барем засега избегнува отчет пред јавноста и пратениците како се трошат парите на граѓаните. Токму затоа според последните анкети граѓаните сметаат дека Јанева и обвинителите работат непрофесионално и пристрасно. Во истражувањата преку 60% од граѓаните мисла дека Јанева е партиски експонент на СДСМ.

Повеќе од половина од испитаниците, односно дури 60.1%, сметаат дека Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева работи по налог на одредени домашни или странски фактори со цел да му наштети на ВМРО-ДПМНЕ, покажа најновата анкета на Институтот „Димитрија Чуповски“

Анкетата која е спроведена врз 1275 испитаници од цела Македонија, во која беа вклучени и испитаници Албанци, покажуваат поразителни резултати на сметка на кредибилитетот на Катица Јанева.
janeva

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top