| четврток, 6 декември 2018 |

Нигерија: Пирати нападнале турски брод што пловел под малтешко знаме

Tурски брод што пловел под знамето на Малта, бил нападнат од пирати во Нигерија, а неговиот екипаж е киднапиран, информира турската телевизија „Си-Ен-Ен-Турк“.

Според информации на агенцијата „Дениз“, која е специјализирана за теми од бродското пловење, танкерот „М/Т Пили“ на турската компанија „Каптаноглу денизџилик“, утринава, околу 4 часот, бил нападнат од пирати во морето крај Нигерија. Киднапирани се шестмината турски морнари, вклучувајќи ги тројцата капетани.

Во соопштение на компанијата „Каптаноглу денизџилик“ се посочува дека грабнатите турски морнари се добри, а Министерствата за надворешни работи и за транспорт, морепловство и информации, како и други институции во земјата, одржуваат контакт и јавноста ќе ја информираат за развојот на ситуацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top