| четврток, 6 декември 2018 |

Тамара лута и бесна фрла клетви на „Фејсбук“: „Срам да ви е на сите!“

Како што се приближува денот кога треба да се породи, така на Тамара ѝ се тенчат нервите. А можеби и не е во прашање тенчење на нервите, туку тенчење на сетилата, па повеќе време посветува и повеќе недостатоци забележува на светот во кој ќе треба да расте Хана. Затоа и не е чудно што ја погодуваат и ја фрустрираат. Неодамна, таа во налет на бес ја проколна жената лажливка на која несебично сакаше да ѝ помогне (за оваа немила случка прочитајте ТУКА).
Овојпат урбаната џунгла во Скопје влијаела на нејзиното расположение. Изгледа на пејачката ѝ дошло преку глава, па решила јавно да го изрази својот став.

tamara

Да се биде возач низ улиците на Скопје овие денови е вистински предизвик, особено доколку се најдете во центарот на градот, во период кога е најголемата гужва.

tamara-1-640x147

Изгледа дека Тамара Тодевска се соочила со овој проблем, па решила на својот профил на „Фејсбук“ да упати апел до сите несовесни возачи, а нејзината порака до нив гласи вака: „Невоспитани, неталентирани и несовесни возачи, срам да ви е на сите!!! Какви сте во кола, такви сте и дома!!!“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top