| четврток, 6 декември 2018 |

Европол уфрла тајни агенти меѓу мигрантите во Грција

Европската полициска агенција Европол распоредила тим прикриени агенти во центрите за регистрација на мигранти низ Грција, со цел да се спречи инфилтрација на оперативци на Исламска држава и да се намалат активностите на други криминални мрежи, дознава „Катимерини”.

epa05211569 Migrants from a camp near Idomeni village, try to find alternative ways to cross the Greek-Macedonian border, near Idomeni, northern Greece, 14 March 2016. Hundreds of migrants stuck at the closed Greek-Macedonian border have left the camp to seek other ways to enter Macedonia. Greece has registered in its territory more of 44,000 migrants trapped due to entry restrictions already imposed by Macedonia in recent months, by denying entry to all those who are considered economic migrants, prohibiting the passage of Afghans, and finally denying entry to all Syrians and Iraqis who are not from combat areas.  EPA/NAKE BATEV

Во интервју за неделното издание на весникот, Роберт Чрепинко, словенечкиот директор на новоформираниот Европски центар за криумчарење мигранти (ЕМСЦ) кој е во рамките на Европол, изјави дека 10 прикриени полицајци на тајна задача во моментов се стационирани на егејските острови Лезбос, Самос, Хиос и Лерос, како и на пристаништето во Пиреја, со задача да ги проверат сомнителните имигранти и да ги споредат со базите на податоци на Европол, во Холандија.

– Заедно со грчките власти правиме секундарни безбедносни проверки за да се проценат можните опасни мигранти пред тие да влезат во ЕУ, изјави Чрепинко додавајќи дека „покрај филтрирањето осомничени екстремисти, операцијата има за цел да ги поддржи грчките власти и во други области поврзани со организиран криминал и шверц на мигранти”.

Операцијата била договорена на итниот самит на министрите за внатрешни работи на ЕУ по терористичките напади во Париз во ноември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top