| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на Владо Костов во Центарот за современа уметност АРТ

Изложба на дела од уметникот Владо Костов ќе биде отворена вечерва, 11 април, во 19:30 часот во Центарот за современа уметност АРТ од Скопје.

kostov

Постановката ја сочинуваат скулптури изработени од старо отпадно железо, што е и претпознатлив израз на Костов.

Владо Костов – Ваце е роден 1968 година во Скопје каде завршува на училиштето за применета уметност „Лазар Личеновски”. По завршувањето на училиштето во 1987 година заминува во Лондон во студиото за анимација и карикатура „Холивуд роуд филм продакшн“ (Hollywood Road Film Production) работејќи како цртач – соработник на Дарко Марковиќ.

Во 2005 година Костов го открива својот оригинален уметнички израз со изработката на првата негова скулптура од отпадно железо посветена на легендата на џезот – саксофонистот Чарли Паркер. Имено, со оваа скулптура тој е дел од мултимедијалниот проектот „Омаж за Чарли Паркер“.

Костов е автор на неколку самостојни изложби, а учествувал и во групни изложби.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top