Австриската полиција разби група која е поврзана со ИД, а во неа има Хрват, Србин, Чеченец и австриски државјанин Един Д.(37) со потекло од БИХ.
Тие во Виена земале рекет од угостители и бизнисмени. Во истрагата се вклучи и австриската тајна служба, за поврзаност на оваа група со ИД. Австриското сојузно криминално биро ги објави фотографиите и идентитетот на членовите на групата. Марко З.(26) од Хрватска неколку пати бил во џамија во Виена каде биле и луѓе кои се поврзани со ИД. По пат на интернет контактирал со лица кои Интерпол ги бара за тероризам. Кај него се најдени симболи на ИД, а тој во полиција ја пријавил и сестра му дека е исчезната и дека отишла во Сирија.
Оваа група годинава изнудила над 240.000 евра од рекет. Членовите на групата се зад решетки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.