| четврток, 6 декември 2018 |

Состојбата на јужната граница тензична: Стампедо мигранти тргнаа од Идомени

Високо тензичната состојба на македонско грчката граница која ескалира утрово околу 10 часот и 30 мин не прекинува. Веќе неколку часа македонските безбедносни сили се борат со илјадниците мигранти кои не отстапуваат од оградата, фрлаат камења, тврди предмети кон полицијата и армијата, провоцираат и се обидуваат физички да се пресметат со нашите безбедносни сили , објави „Алфа“. Довикуваат пцовки и не се откажуваат од својата намера да ја пробијат оградата. Веќе имаме повредени полицајци, огромни оштетувања на мрежата и огромен број на мигранти кои дејствуваат насилно, покажувајки досега невидена агресија на македонско грчката граница. Околу 12 часот група мигранти ја скина мрежата на 3 места, на околу 300 метри од портата на к59 и успеаа да влезат на македонска територија. Веднаш беа пресретнати од полицијата. Според извори на Алфа дознаваме дека утрово од селото Идомени биле украдени трактори од страна на мигрантите со кои допрва ќе се обидат да пробијат на македонска територија.

Камења , агресија и солзавец на к59. Повредени полицајци и илјадници мигранти кои се обидуваат да преминат на македонско тло. Веќе два часа состојбата е тензична , мигрантите веат грчки знамиња и извикуваат fuck you Macedonia! Бројот на безбедносните сили на македонска територија и на граничниот појас се зголемува.
Во обид за смирување на хаотичната состојба која очигледно не престанува и се очекува да се интензивира македонската полиција испукува шок бомби, солзавец а се користи и воден топ за разбивање на насилните групи.
Она што е очигледно на к59 е сликата на нашите безбедносни сили кои се борат со агресијата на мигрантите кои доаѓаат од шенген зоната и се обидуваат на секој можен начин освен да ја пробијат мрежата , да ги повредат и нашите полицајци и армијата. Во меѓувреме грчката поиција останува глува на нередите на к59 и само немо ја посматра ситуацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top