По неуспехот на сениорите за пласман на Олимпијада, добри вести стигнуваат од младите – нашите јуниори обезбедија пласман на Европското првенство за ракометари до 20 години, кое летово ќе се одржи во Данска.
Машката јуниорска репрезентација на Македонија ја совлада селекцијата на Црна Гора со 36-24 во последниот меч од квалификациите во швајцарскиот град Шафхаузен.
Најефикасен во победата на црвено-жолтите беше Филип Кузмановски, кој дури синоќа им се приклучи на врсниците, поради претходниот ангажман во Гдањск со сениорската репрезентација. Кузмановски постигна 10 гола од 12 упатени удари, а одлично одиграа и Томислав Јагугиновски кој постигна 7 и Горан Крстевски 5 гола за победа и пласман на ЕП во Данска, кое ќе се одигра од 28. јули до 7. август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст