| четврток, 6 декември 2018 |

Тамара Тодевска планира по една година да ја врати витата става

Tamara (1)

Поп-пејачката Тамара Тодевска е во напредна бременост, и со нетрпение го очекува раѓањето на својата прва ќерка Хана, а во меѓувреме, разгледува стари фотографии, присеќајќи се на времето пред бременоста. Една од нив осамна и на нејзиниот фејсбук-профил, а посебно внимание привлече коментарот на популарната актерка Весна Петрушевска, која сакајќи да ја утеши, напиша дека повторно ќе биде слаба по две години. Но на Тамара две години и се многу долг период, па побрза да ја коригира и напиша дека старата става планира да ја врати за една година по породувањето.
tamara-2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top