Стравот на граѓаните СЈО да не им тропне на врата поради псуење, придонесе државата да стане попристојно место за живеење. Ретко кој веќе псуе во Макеоднија, или ако го стори тоа, два дена на спие со страв чекајќи Фатиме и Ленче да му тропнат на врата. Уште полошо да ви дојдат на работа… Ова би била шеговитата страна на „Тортура“ на Катица Јанева. Друга, сериозна страна, барем правно и со докази нема. Освен, можеби, освестувањето на „албанската народност“ како што изјави обвинителката, актерка и полиглот Фатиме Фетаи, која банетна втор фицијален јазик во државата. На мала, СЈо врата. Иако, за најзина информација, народностите останаа во СФРЈ. Како и да е, интересно и мошне индикативно, но нејзината лингвистичка заложба за вклучување на Албанците во работата на СЈО дојде само еден ден по новопромовираниот разговор на Божиновски, кој пушти интимен разговор на Ермира и Џафери. Најсолен досега, кој ги обрлодени мотивите на Мехмети за напуштање на ДУИ. Пред да пукне бруката, нели. Фатиме ги освести сонародниците на еден начин, се надоврза Божиновски со друг, а паралелно со нив во кулоарите се најавува сериозна акција за девалвација на Али Ахмети или во превод албански „Пуч“. Премногу случајности. Првиот беше контра Груевски, сега на мета е Ахмети, а во меѓувреме с е искаљаа имињата на дел од стожерот на ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно, некому оваа констелација не му одговара. Имајќи ја предвид досегашната папочна поврзаност на СЈО со партијата на Заев, одговорот за нарачателот ви доаѓа простум. Проблемот, сепак, настана со вметнувањето на Ахмети во прикаската. Тој покажа дека, поверојатно, потезите на СЈО ги влече „чадорот.“ Заев и онака, не прави ништо. И буквално и фигуративно. Или објаснето лично со неговите најнови зборови: „Македонија е подготвена за промени, но на Македонија не и прва цел опозицијата да ја смени власта.“ И така…
КОЈА Е ЦЕЛТА НА: ДВА СЛУЧАИ – ДВЕ БЛАМАЖИ?!
Основното прашање на сите е дали ова што се случува во СЈО има некаква друга логика и цел освен оцрнување на најизвиканите членови на ВМРО-ДПМНЕ. Второто е кој од врхушката ан партијаат е следен? Најпрво беше „Титаник“, со кој СЈО без никаква презумпција на невиност јавно ги обележа Јанкуловска и Јанакиески, а сега истото се случува и со Мијалков во „Тортура“. Индикативно е што за првиот случај-бламажа, самата Ленче на последната прес-конференција призна дека немаат „ништо драстично“, т.е. дека немат никакви докази. Не бадијала, тој случај потона уште на самиот старт од пловидбата. Најверојатно, пак, тоа ќе биде судбината и на вториот собид за девалвација. И онака, очебијната и главна цел на СЈО е да дига прашина, да поттикнува неаргументирани сомнежи кај граѓаните за членови на владејачката партија и со тоа да помага во реинкарнацијата на мртвиот рејтинг на спротивниот табор. Очигледно е и бескрајното милување и вистинската идолатрија кон патетиката кај „специјалците“ на Јанева. За оваа слабост најдобро зборува изборот на имињата на случаите. Освен што почнуваат на „Т“, и двете директно прејудицираат вина и наметнуваат заклучок. Барем, би требале да го направат тоа. Можеби во земјата на „чадорите“, нели. Повторно статива, иако и таа патетична, слично како и „крикот на правдата“ на Фетаи, која можеби никој не ја зема за сериозно оти не ја носеше карактеристичната црна гардероба, која неспорно добро и прилега. Не бадијала, по социјалните мрежи во толкувањата на СЈО предничи едно – Садистичките Јаневи обвинителки… Ах, да. Имале и некој обвинител. Машки род. Некој си Гаврил, ама никој не го видел до сега…
СПЕЦИЈАЛНАТА ТОРТУРА НА ЈАНЕВА = 20-НА КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ОД ГРАЃАНИ…
„Спаси ја сопствената кожа“, „Не штеди никого“, „Ќе бидеш казнет со поблага казна ако соработуваш“. Ова е само мал дел од заканите кои му биле упатувани на вработен во МВР од страна на лица од тимот на СЈО на Катица Јанева, пишуваа медијмите пред само месец и половина. Една од посочните беше и „До гуша си заглавен во кал и ако не соработуваш ти следи затвор.“ Сето тоа најчесто се одвивало во атмосфера на Гвантанамо при што соработниците на Јанева, за кои граѓаните пријавуваа дека додека ги сослушувале биле во друштво на вооружени лица кои намерно оставале да им се гледа оружјето за време на разговорот. Со ова специјалните шерифи сакале кај нив да предизвикаат чувство на страв. Најпозната и најчесто користена реченица со која биле пропратени повеќето „интервјуа“ на специјалците на Катица, била: „Гледаш ли Никола Груевски што прави од државата и како не уназадува? Ти имаш фамилија, соработувај инаку ова нема тука да застане“. Толкувањето е зависно од политичката ориентација, што би рекла Фатиме, нели…
Тортурата од тимот на Јанева резултираше со безмалку 20-на кривични пријави. Во две тури, специјалаците се закитија со нив, а меѓу нив беше и еден полицаец кој при сослушување сведок му понуди 100.000 евра за да го каже бараното, пари кои требаше да ги исплати висок челник на СДСМ. Можеби, пак, тортурата им е толку омилена што мораа во нејзина чест да го крстат следниот им случај? Како и да е, но и покрај нечовечкиот однос на обвинителите на Јанева тие досега не изнесоа ниту еден валиден, што би рекле – човечки доказ. Во првиот случај се „возеа“ на наводни индиции, кои по скоро два месеци се уште се само индиции и никако да пораснат во докази. Во вториот, пак, не било спорно делото туку наводните псовки на полицајците при апсењето. Добро што е специјално. СЈО никогаш не би можело да биде Сериозно јавно обвинителство.
СЈО УДИРА ПО МАКЕДОНСКОТО Т.Е. ПО ВМРОВСКОТО ТКИВО?
Индикативен е и моментот на избор на случајот на Бошкоски за втор во палетата на СЈО. Најавуваа редица случаи поврзани со наводни изборни манипулации, првиот беше таков, но брзо потона. Во вториот, единствена поврзаност со изборите се 100-те илјади евра кои Љубе ги зема за финансирање на кампањата и отплата на долговите од неа. Тие не се спорни за СЈО, проблем се псовките. Всушност, Јанева сега сака да го наруши угледот на Мијалков, чие семесјтво и корени се врзани со независноста на државата.
Доколу сака преку Љубе да удри по вмровското ткиво на партијата, пак, очигледно е дека „чадорот“ кој одамна прокисна, најверојатно и излапел и не разбрал дека Бошкоски никој веќе не го восприема за патриот. Особено по ценкањето со името со Грција и ветувањето за негова промена во замена за финансиска пооддршка на неговата кампања?! Тој со ова бриљираше и, едноставно, го засени и Макијавели. Целта ги оправда средствата кај Никола, но не и законските реперкусии од незаконски примените средства кај Љубе. Поверојатно, истиот тој чадор има неодолива потреба од уште еден „плукач“ по актуелната владејачка гарнитура, во што Бошкоски се покажа како ненадминлив. Барем дури беше на слобода, а наскоро ќе биде повторно. Катица само би била неговиот ветер в едра. Позамашен ветер, нели…
Другиот, посериозен проблем за Катица, Бошкоски, Заев и секако „чадорот“ е што одамна, народски кажано, овој народ не пие нафта. Доказ за кажаното се и последните анкети, не оние нарачаните од СДСМ од српски агенции, туку оние релевантните. Тие пак, покажаа дека за голема жал на Катица и СДСМ, прикаската со штелувани обвинителства кои „штанцаат“ обвиненија по нечија нарачка, не минува кај граѓаните. Така барем во последната анкета на „Република“ спроведена од еминентна агенција на почетокот на минатиот месец (30 јануари до 4 февруари 2016.г) се изјаснија доминантни 50% од граѓаните кои немаат доверба во Катица.Огромно мнозинство од 35.4% сметаше и дека Јанева е поблиска до СДСМ, а само 1% дека е поблиска до ВМРО-ДПМНЕ. Цели 19.9% сметаа дека СЈО следи директни упатства и е под влијание на амбасадорите на САД и ЕУ. Зборуваме за репрезентативен примерок од 1.006 испитаници на возраст од над 18 години. Истовремено, за дополнување на антинационалната перверзија, ВМРО-НП реагираше дека казните за македонските џихадисти од „Келија“ биле превисоки.
СЈО Е „НЕДОПИРЛИВО“ ЗА СПРОВЕДЕНАТА ТОРТУРА
И онака,СЈО во сите досега познати случаи се однесуваше како да се целосно недопирливи и да не припаѓаат на системот на оваа земја. Очигледно, идол им е Ванхауте, чија слика најверојатно стои над бирото во канцеларијата на Јанева, но ним целосно во прилог им оди и светската дефиниција за тортура, според која таа може да се врши и со цел застрашување или вршење притисок врз личност или некое трето лице од некаква си друга побуда. Во случајот на СЈО, зборуваме за класичен психолошки притисок врз цела една нација и држава. Психолошка војна во која се наметнуваат стереотипи за демонизација на една партија, наспрема целосното изоставање на другата, која е виновна за вадење на интимата на стотина луѓе, а најверојатно и за изворот на прислушувањето.
Сепак, како што се вели и во светската дефиниција на тортурата – таа не ја вклучува болката, физичка или душевна, која прозилегува од правосилни акции, кои се ниезоставен дел од акциите или претставуваат нивен случаен елемент?! Така и СЈО и Јанева нема никогаш да одговараат за нанесената штета на угледот на дузина личности, семејства, па и партии. Веќе позната матрица, нели? Ја злоупотребија тројца носители на името Зоран. Да „бомбите“ на Заев ја имаа и се уште, благодарение на Божиновски, го имаат истиот тој ефект врз животот на дел од луѓето во Македонија. А за материјалите, можат да му заблагоарат на Верушевски. Тројца Зорани и 1.050.000 разговори. Така рече Заев. Катица и ден денеска тврди дека примила 540.000. Некој овде лаже. А разговорите? Тие и натаму непречено си протекуваат . Но СЈО тоа не го тангира. Псовките се поважни, а најважен е рејтингот на партијата која, реално, нема да добие ништо доколку тие се зафатат со изворот на новобјавена интима на граѓаните на РМ. Па, макар, биле и политичари. Навистина, СПЕЦИЈАЛНО јавно обвинителство…
ПАНДОВ: ДО 5-ТИ ЈУНИ, СЕ ПОЧЕСТО ЌЕ ЈА ГЛЕДАМЕ ЈАНЕВА КАКО ОБВИНУВА ВИДНИ ЛИЧНОСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ
Не требаше да помине многу време за да народот го разбере она што СДСМ го знаеше, вели политичкиот аналитичар Александар Пандов, а тоа е дека Катица Јанева е нивна.
ПАНДОВ: Па така, таа наместо по нејзиното назначување веднаш да ги побара прислушнуваните разговори од Заев, чекаше на негова добра воља да и ги даде, а чисто за потсетување и даде само половина од разговорите којшто тврдеше дека ги поседува. Другата половина е кај разноразни чауши, буревесници, палчовци и разноразни пробисвети и рекетари, коИ со истите прават рекет по државава, а пази богати СЈО не било надлежно за нив!? Капак на се беше што наместо веднаш да се зафати со расчистување на случајот „Пуч“, во кој покрај првообвинетиот Верушевски, обвинет е и Заев за рекет, Катица на своја рака, прва одлука и беше да го ослободи од притвор Верушевски, главниот виновник што Македонија повеќе од година дена се наоѓа во политичка криза и лик кој бил организатор на шпионирањето на раководството на ВМРО, новинари, јавни личности, бизнисмени и дипломати. Ние и покрај поминатите и повеќе од шест месеци немаме слушнато нити збор за „Пуч„, но затоа се изнаслушавме на разноразни глупости, а последнава е врв со обвинението дека полицијата пцуела при апсење на лик кој е фатен како за пари шурува со Грк околу името на нашата татковина.
Катица со нејзините настапи ни докажа дека е неписмена, но исто така ни докажа дека единствената работа на која е посветена е како што повеќе ги оцрни функционерите на ВМРО. Секое подзакашлување на специјалната секако е хорски пренесено и поздравено од соросовите платеници и, секако, СДСМ. Ако го следиме работењето на СДСМ низ години наназад сфаќаме дека единствено нешто на што ќе се сетиме се негативните и црни кампањи против ВМРО, да стигнаа дотаму што си направиле и фабрика за афери, со која штанцале пасоши, лични карти, банкарски сметки со имиња, повторно на функционери на ВМРО-ДПМНЕ, а се со цел повторно да и направат штета на партијата. Во тој филм одлично си се погодени СДСМ и Јанева, што гарантира дека и во наредниот период, а поготово како се наближува 5-ти јуни, се почесто ќе ја гледаме задтканата Катица Јанева, опкружена со хостеси, како ја тортурира македонската јавност и како сиромашката се труди во овој период да обвини што поголем број на истакнати имиња од раководството на ВМРО со обвиненија во кој е 80% сигурна. Листата на институции кои Катица и СДСМ не ги признаваат за легитимни – покрај Собранието на РМ, Владата, Уставниот суд и претседателот, верувам дека ќе се зголемува. Но и Катица и СДСМ треба да знаат дека титаникот сигурно ќе им заринка на изборите во огромниот број на македонски гласови кои најосто ќе се спротивстават на нивната тортура!
Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 187. број на неделникот „Република“, 01.04.2016)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.