| четврток, 6 декември 2018 |

Младиот пијанист Милан Дучевски тргна за Италија

За финализирање на последната фаза од првиот „Добар проект“, на 6 април беше одржана аукција на дела од авторите Руки Чуки, Ване Костуранов и Индог. Идејата беше реализирана заедно со магазинот „Портрет“, кој го препозна талентот на младиот пијанист Милан Дучевски и неговата желба да биде дел од еден од најпрестижните натпревари по пијано, а целта беше остварена со собирање на средствата потребни за неговото патување во Тревизо, Италија.

a7798661-a62a-45d3-9075-33c0f5368f54

На аукцијата на уметнички дела ѝ претходеше концертот насловен „Милан и Пријателите“ во „Капитол Мол“, чиј тим го организираше концертот на децата од музичкото училиште „Пијано Форте“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top