Денеска, 10 април во Градскиот парк ќе се одржи “Женска трка”. Овој спортски настан едновремено ја буди жената да се раздвижува и рекреира и една од промотивните трки на Виз ер Скопски маратон 2016.
„Женската трка” е во организација на Сојуз на Спортови на Скопје. Покровител е Град Скопје како дел од промотивните трки на Виз Ер Скопски Маратон 2016.
Од 2016 година, Женската трка е влезена во календарот на Европската Атлетска асоцијација.
Стартот на трката е во 10.30 часот. Но заинтересираните треба да бидат кај Школка во 10 часот и да се загреат со аеробик вежби. Патеката што ќе се трча во Градскиот парк е долга 2 километра. Секоја учесничка ќе добие стартен број со чип за електронско мерење на време. Трката има натпреварувачки карактер и трите најдобро пласирани во генерален пласман ќе добијат награди, а ќе има награди и за најдобрите три по возрасни категории.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.