| четврток, 6 декември 2018 |

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ: На 5 јуни народот немилосрдно ќе го казни СДСМ

ZGRADATA-NA-VMRO

Владејачката партија писмено реагира на денешниот повик на лидерот на опозицијата Зоран Заев, кој ги повика сите граѓани, политички партии, невладини организации и здруженија да ги бојкотираат изборите на 5 јуни.

„Aболицираниот криминалец Зоран Заев, криминалната банда СДСМ и нивните приврзоци нема да може да избегаат од судот на граѓаните. Заев и СДСМ нема да успеат да го спречат врвното демократско право на секој граѓанин да го искористи својот глас и да одлучува за својата иднина. На 5 јуни граѓаните референдумски ќе гласаат за крај на деструктивното сценарио кое го спроведува СДСМ, потпомогнато од нивните фабрики за афери и сеење магла.“

Граѓаните десетти пат по ред ќе му го кажат најголемото „Не“ на аболицираниот манипулатор Зоран Заев, кој прави се за да продолжи политичката криза во Македонија и да ја продолжи агонијата на граѓаните. На денот на изборите Заев и криминалната банда СДСМ ќе одговараат за своите постапки пред народот кој немилосрдно ќе ги казни. А после денот на изборите, ќе одговараат и пред други соодветни инстанци.“ се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top