Хакери го презеле твитер-профилот на новинската агенција „Асошиетед прес“ создавајќи хаос во светот, бидејќи на социјалната мрежа објавиле целосно измислени и неточни инфорамции.

Хакерите, откако го презеле твитер-профилот на АП, објавиле дека американскиот претседател Барак Обама е повреден во ексползија во Белата куќа.
Пораката која тие ја испишале на твитер гласела: „Две ексползии во Белата куќа, Барак Обама е повреден“.
Персоналот задолжен за односи со јавноста ги негираше сите наводи на твитерот на АП, а подоцна и АП, на друг твитер профил објави дека инфорамциите не се точни и дека им е хакиран профилот.
Главниот профил на твитер на АП го следат скоро два милиони корисници ширум светот. Откако оваа дезинформација беше објавена, на америакнските берзи дојде до големо пореметуање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


