| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО ДМПНЕ: Историјата ќе ја покаже вредноста на „Скопје 2014“

СДСМ конечно разбраа дека се фатени во лага и дека се разоткриени сите манипулации кои ги кажуваа и правеа сите овие години, а поврзани со реализацијата на проектот „Скопје 2014“

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение истакна дека самата историја ќе ја покаже вредноста на проектот “Скопје 2014“, како демант на претходните тврдења на опозицијата предводена од СДСМ дека градбите чинат огромна сума на пари.

spomenici-skopje

„СДСМ конечно разбраа дека се фатени во лага и дека се разоткриени сите манипулации кои ги кажуваа и правеа сите овие години, а поврзани со реализацијата на проектот „Скопје 2014“. Долго време лажеа дека проектот чини милјарда евра и врз основа на таа лага ја градеа својата политика. Но, за нивна жал, со документи се докажа дека не само што проектот чини далеку помалку средства од тоа што СДСМ тврдеше, туку и дека во сите процедури се запазени законските постапки и транспарентност. Се е јавно презентирано пред медиумите и граѓаните“, се вели во соопштението по вчерашниот партиски отчет на проектот од страна на министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска и сега веќе поранешниот градоначалник на Центар, Владимир Тодоровиќ.
„Да потсетиме, со документи и транспарентно се покажа дека сите елементи од проектот се спроведени во законска процедура и транспарентно, дека чини многу помалку од тоа што СДСМ ја лажеше јавноста, дека чини само 1,5% од Буџетот во последните години и дека од ден на ден се зголемува значењето на овој проект за Република Македонија и граѓаните на Република Македонија. Сето ова, наспроти шпекулациите и лагите на СДСМ и наспроти фактот дека во 20 години од своето владеење, СДСМ нема направено ниту еден значаен и јавен и културен објект во Република Македонија“, се додава во истото.
Во продолжение се вели дека СДСМ не може да има аргументи на своја страна, бидејќи „во нивно време не било направено ништо слично“.
Вредноста и значењето на овој капитален проект, за Република Македонија и нејзините граѓани е огромно и ќе го покаже историјата, а не поединци од СДСМ, фрустрирани од фактот дека во својот живот ништо позитивно не оставиле за оваа земја“, гласи ставот на владеачката партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top