| четврток, 6 декември 2018 |

Цвеќината кои „слушаат“ „Блек сабат“ цветаат подобро

Оние растенија на кои им била пуштана музика на Клиф Ричардс - сите овенале

Да им се зборува на цвеќината, наводно, е добро за нив. Но, новите истражувања покажале дека ако навистина сакате убаво цвеќе, треба да им пуштите да слушаат хеви метал.

blek sabat

Ова истражување е дело на студентите по хортикултура, кои го тестирале влијанието на музиката врз растенијата, а британскиот ТВ градинар Крис Бердшоу навел дека постојаното пуштање музика и тоа бендот „Блек Сабат“ чини чуда за растенијата. Да биде уште посмешно, оние растенија на кои им била пуштана музика на Клиф Ричардс – сите овенале.

– Употребата на рок и хеви метал како прехрана за растенијата доведува до создавање поголеми цветови – изјави  Бердшоу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top