Подолго време се смета дека белиот ориз не е добар, а интегралниот е здрав. Меѓутоа, дали тоа е вистина?
Многумина сметаат дека токму белите намирници, како леб, ориз и тестенини се лоши за здравјето.
– Многу нутриционисти белиот ориз, компирот, тестенините, белиот леб и слични намирници, ги прогласуваат за лоши, бидејќи тоа е правило кое лесно се помни и сфаќа, но факт е дека овие намирници претставуваат проблем само ако премногу ги јадете, што обично се случува ако се комбинираат со солени, мрсни и зачинети сосови – вели Ендрјуз.
Исто така смета дека интегралниот ориз е побогат со влакна па така една шоља варен кафен ориз содржи околу 3 грама влакна, а истата количина од варен бел ориз содржи околу 0,5 грама. Затоа интегралниот ориз подолго држи ситост. Меѓутоа, дали е тоа буквално точно?
– Кога за оброк би конзумирале само интегрален ориз, би било потребно нешто подолго време за да се свари во нашиот организам и подолг период на ситост. Чувството на ситост се споредува со компонентите на целиот оброк, затоа ако некој наместо порција сув кафен ориз изеде овошје или зеленчук во комбинација со бел ориз, нема да има разлика околу ситоста.
Се претпоставува дека интегралниот ориз е помалку обработен од белиот и затоа е и поздрав. Меѓутоа, тоа не може така буквално да се сфати, а Ендрјуз вели:
– Обично непреработената храна е далеку подобар избор, бидејќи содржи повеќе хранливи материи, но во овој случај непреработените компоненти на кафениот ориз – зрното содржи и хранливи материи (кои се добри за нас), но и нехранливи материи кои (не се добри за нас) се користат за одбрана на растението од бројни фактори кои го загрозуваат.
Често може да се слушне дека белиот ориз е преполн со празни калории. Што е вистина?
– Белиот ориз е дел од исхраната на многу здрави култури веќе со години, а оризот има т.н. разредени калории (ниска количина на калории по единица храна), па тешко е ако се конзумира претерано. Така на пример, 100 грама варен ориз има 130 калории, а 100 грама варено мелено месо има 260 калории.
Заклучок? Не можете да погрешите ни со белиот ни со инегралниот ориз, а важно е да се конзумира што почесто и наизменично, така што еден ден гответе бел, а друг ден интегрален ориз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст