| четврток, 6 декември 2018 |

Алфа: Иванов нема да го помилува Бошкоски

Со Законот за помилување предвидено е дека не смее да се помилува осуденик за кривично дело против изборите и гласањето, исто како што не може за продавање дрога, полов напад врз дете и дела против човештвото

Иванов нема да го помилува Бошкоски – кабинетот на претседателот не објави официјален став по неколкуте повици до Велигден да биде ослободен, но анализата на законските одредби укажува дека е неизводливо лидерот на Обединети за Македонија сега да излезе од затвор за финансиските малверзации од изборите во 2011-тата во досието наречено „Кампања“, објави денеска телевизијата „Алфа“.
ivanov-gjorgje
 Со Законот за помилување предвидено е дека не смее да се помилува осуденик за кривично дело против изборите и гласањето, исто како што не може за продавање дрога, полов напад врз дете и дела против човештвото. Оттаму, со оглед дека на Бошкоски му се судеше за злоупотреба на службената должност како партиски лидер и за нелегално финансирање кампања- дела кои се во врска со изборниот процес, одредбата со забрана за помилување може да се однесува на Бошкоски.
 Познавачите тврдат дека Иванов може да го искористи ова како законски аргумент, а самиот лично не може да покрене иницијатива затоа што членот што тоа му го овозможуваше тоа е избришан од законот, односно службеното помилување сега го покренува министерот за правда. Токму тоа, коментираат експертите, повиците преку писма и прес конференции за помилување, ги прави незначајни. Едноставно Иванов нема можност да покрене иницијатива доколку Бошкоски не поднесе официјално барање- тврдат во неговиот кабинет, но и тогаш Иванов ќе има законска основа да го одбие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top