Сабота ќе биде облачен и врнежлив ден. Наутро врнежите ќе бидат поконцетрирани во западниот регион од земјава. Околу пладне постепено врнежите ќе се шират кон централниот дел од земјата.
Според Метеопро попладне позначајна ќе биде локалната нестабилност, пред се во јужните делови од земјава. Повремено од овие процеси на нестабилност се очекува засилување на интензитетот на врнежите, местимично проследени и со грмежи.
Навечер се очекува преодно разведрување.
Максималната дневна температура се очекува да има вредности помеѓу од 20°С до 22°С долж повардарието и котлините во источниот крај, а во котлините од западниот крај околу 19°С.
Во скопскиот крај очекуваме претежно облачно време. Дожд ќе врне повремено околу пладне и попладне, но без позначаен интензитет. Температурата ќе достигне максимални 20°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.