| четврток, 6 декември 2018 |

Прегазен пешак со автомобил кај Железничка станица во Скопје

povredenadevojkaВечерва, на крстосницата на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“, во близина на Железничката станица во Скопје, автомобил прегази девојка, која по несреќата остана да лежи на асфалтот.

СВР-Скопје го потврдија настанот кој се случил околу 19 часот и 30 минути и информираат дека девојката била удрена од патничко возило марка „даеву матиз“ со скопски регистарски ознаки.

Според изјавите на очевидци, по ударот девојката не можела да се движи, а набрзо дошла и екипа на Брзата помош која ја одвела на една од скопските клиники. Портпаролот на СВР-Скопје за „Телеграф.мк“ потврди дека девојката била пренесена на Ургентниот центар.

Болнички извори за порталот информираат дека девојката е донесена во Ургентниот центар, каде во моментов се вршат дијагностички иследувања со цел да се утврди карактерот на повредите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top