| четврток, 6 декември 2018 |

Пријавил дека го нападнале, а сам се избодел

Еден четиринаесетгодишник од Хрватска излажал дека го нападнале хулигани, а всушност сам се избодел. Тој излажал дека петмина хулигани го нападнале, а неговите родители се уплашле дека случката може да се повтори. Пријавиле во полицијата, но истрагата донела други информации.

ucenik

-Откако спроведовме детална истрага, утврдено е дека немало никаков напад од страна на други лица на споменатиот малолетник, туку се работи за самоповредување. Во конкретниот случај, кон него не е направено кривично ниту прекршочно дело- соопшти хрватското обвинителство.

Момчето, инаку е одличен ученик, од минатиот вторник ја избегнувал наставата, а за сега не е познато која е причината поради која се повредил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top