| четврток, 6 декември 2018 |

Никола Груевски со честитка до Ромите: 10 години заеднички работиме за подобра иднина на Ромите

nikola gruevski

Годинашната прослава е 10-та и јубилејна прослава на празникот на ромската етничка заедница во Република Македонија, вели Груевски и потенцира дека 10 години заеднички се прославува и се работи за подобра иднина на Ромите и севкупно за подобра иднина на граѓаните на Република Македонија.

– Зад нас стојат многу проекти за поголема вклученост на младите Роми во основното, средното и високото образование, подобрени услови за изучување на ромскиот јазик, многу проекти за нови училишта, бесплатни учебници, бесплатен превоз и голем број мотивирачки стипендии за младите. Зад нас стојат многу проекти за поддршка при вработувањето на Ромите, поддршка за почнување сопствен бизнис, поддршка за подигнување на свеста за грижа за сопственото здравје, за правата и можностите во делот на здравството, социјалната политика, правото, културата и уште многу други полиња од значење за луѓето. Заеднички реализиравме многу, но нè чека уште многу повеќе, уште многу работа и уште многу труд за да продолжиме да напредуваме, да продолжиме да остваруваме и да помогнеме на што е можно повеќе граѓани од Република Македонија, стои во честитката од Груевски.

Честитајќи го денешниот празник тој изрази надеж дека со заеднички напори и со цврста волја, како што вели, ќе продолжиме да работиме за доброто на нашиот народ, за доброто на нашата држава, за стабилна, просперитетна и напредна Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top