Претседателот на Владата за организирање на предвремените избори Емил Димитриев денеска упати честитка по повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите.
Прославувајќи го овој празник, се вели во честитката, го одбележуваме постоењето на една од најстарите заедници во Република Македонија – ромската заедница.
– Ова е ден кој ја обединува Вашата заедница и Ве потсетува на традицијата и на уникатната култура по која Вашиот народ е препознатлив. Таквата култура долги години наназад е составен дел од нашето општество и богатство во нашата мултиетничка и мултикултурна држава. Почитта која Република Македонија ја негува кон Вашата заедница, меѓу другото, се огледува и во јубилејната десетта година по ред во која 8 Април се празнува како национален празник на ромската етничка заедница во државата, стои во честитката од Димитриев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев со честитки за Курбан Бајрам: Да ја јакнеме заедницата како едно општество за сите
-
Мицкоски го честита Бајрам: Богатството е во различностите на верите, културите и традициите
-
Мицкоски со честитка до припадниците на АРМ: Нашите војници ги исполнуваат највисоките НАТО стандарди!
-
Претседателот Иванов го честита Рамазан-Бајрам: Дозволете ми овој ден да повикам на слога и заедништво