| четврток, 6 декември 2018 |

Турски ергени бараат помош од претседателот на државата за да се оженат

Турски ергени од едно село во јужна Турција бараат помош од претседателот на државата Реџеш Таип Ердоган за да се оженат, пишува „Дејли мејл“. Тие организирале протестен за да си најдат невести, бидејќи жените во нивното село ги одбиле сите брачни понуди.

Жените од селото Јузумљу изјавиле дека не сакаат да останат заробени во ова мало место и дека си бараат подобра иднина во поголемите градови како Истанбул, Анкара и Анталија.

Турските ергени на протестот биле придружени со своите мајки, сестри и баби кои биле вознемирени од „бегството“ на младите невести од селото.

Градоначалникот на Јузумљу, Мустафа Башбилен, за порталот „Ал Арабија“ изјавил дека во селото има 25 ергени на возраст од 25 до 45 години.

Последната свадба во Јузјумљу била пред девет години, а во последните девет години жителите на Јузумљу се намалени на половина, односно во 2006 година биле 400, а сега се 233.

– Младите девојки бегаат од селото и одат во големите градови. Во исто време мажите остануваат тука и работат на полето и на фармите – вели Башбилен.

Според градоначалникот селото не е сиромашно, но осаменоста на мажите веќе се претвора во социјален проблем.

Ова е причината поради која сакаат турскиот претседател Ердоган да интервенира.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top