| четврток, 6 декември 2018 |

Доста му е непочитување: Шабан Шаулиќ ги напушта Ѕвездите на Гранд

По инцидентот со Босанец, Шабан донел одлука.

saban-saulic-foto-srbijadanas-3

Шабан Шаулиќ по снимањето на емисијата „Ѕвездите на Гранд“ во која за малку ќе се степал со Драган Стојковиќ Босанац, го известил Саша Поповиќ дека повеќе не сака да биде член на жирито.

-Шаулиќ е навреден поради што смета дека членовите на жирито намерно му влегуваат во збор додека ги коментира кандидатите. Тој мисли дека воопшто не го почитуваат како личност, а немаат почит ниту за неговата долгогодишна кариера. Саша во текот на разговорот го убедувал да остане и му ветувал дека нема да дозволи да се повтори слична ситуација, но Шабан упорно повторувал дека сака да замине. Поповиќ го убедувал да остане затоа што до крајот на снимањето на емисиите во кои жритио одлучува за судбината на кандидатите останало уште малку, па постои можност Шабан сепак да го прифати предлогот на долгогодишниот пријател – открил извор за медиумите.

sasa-popovicsaban-saulic-foto-srbijadanas-1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top