Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува повремено засилен јужен ветер, а повеќе врнежи ќе има попладне во западните делови.
Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната од 17 до 23 степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно, попладне со повремен дожд. Ќе дува умерен на моменти и засилен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 22 степена.
Во сабота попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и тоа особено во југоисточните делови од земјава.
Во недела ќе биде посвежо со дневни температури пониски за околу 10 степени од сегашните. Врнежите во недела ќе бидат позастапени во јужните делови од земјава.
Од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето, а од вторник и постојан пораст на дневната температура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст