Покојниот татко на британскиот премиер Дејвид, Иан Камерон помогнал во основање на инвестициски фонд „Блермор“ со седиште на Бахамите, пред повеќе од 30 години и бил еден од петте британски директори се до неговата смрт во 2010 година.
По аферата со документите од Панама, Камерон даде неколку различни изјави.
-Имавме 5.000 акции во инвестицискиот фонд кој што го продадовме во јануари 2010 години за некои 30.000 фунти. Платив такса на дивидендите, но не и данок за капитална добивка. Освен тоа се останато е направено нормално. Сакам да бидам што е можно поотворен во врска со своето минато, сегашност и иднина, бидејќи, искрено, нешто друго што би криел- објасни Камерон.
Премиерот додал и дека по смртта на таткото наследил 300.000 фунти.
-Нормално дека не можам да дадам објаснување за сите финансии бидејќи татко ми повеќче не е тука да го прашам. Но, никогаш не сум криел дека сум имал среќа во животот и богати родители кои ми овозможија прекрасно детство и феноменални училишта. Таа 2010 година бев решен се да продадам што поскоро , па и акциите за да бидам што може повеќе транспарентен кон народот. Не поседувам дел од компанија, инвестициски фонд или било што сллично – додава британскиот премиер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.