| четврток, 6 декември 2018 |

Промовирана првата гинеколошка амбуланта на тркала за рурални средини

PODVIZNA GINEKOLOSKA AMBULANTA-1-

Подвижна гинеколошка амбуланта ќе ги прегледува жените од руралните средини. Во амбулантното возило има ЕХО-апарат, а жените ќе може да прават ПАП-тест и микробиолошки испитувања. Целта е едукација и на жените и на мажите во репродуктивниот период, како и заштита од сексуалнопреносливи болести.  Прегледите се бесплатни.  Средствата за ова возило ги доби организацијата ХЕРА преку Глобалниот фонд за борба против сида, туберкулоза и маларија.

– Прегледите се бесплатни, пациентките ќе имаат целосна дискреција. Мислам дека ова ќе биде многу добро во руралните средини – изјави Бојан Јовановски, ХЕРА.

– Овој проект е во соработка со Министерството за здравство. Одличен проект кој ќе помогне околу превенцијата на здравјето – рече Никола Тодоров, министер за здравство.

Бројот на жени со рак на матката се зголемува. Најчесто многу жени кога ќе дојдат се во последниот стадиум од болеста.

– 330 жени во 2010 година биле евидентирани со канцер и завршиле со смрт -изјави д-р Марија Хаџи Лега, директорка на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Комбито прво ќе оди на терен во Гостивар, Тетово, Куманово, Делчево. Од ХЕРА објаснуваат дека на тој начин ќе им се помогне на многу жени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top