| четврток, 6 декември 2018 |

„Шеќерното дете“, прв македонски филм поддржан од МЕДИА

Играно-анимираниот долгометражен филм наменет за деца Шеќерното дете“ доби поддршка за развој од потпрограмата на Кретивна Европа – МЕДИА, специјализирана за развој, дистрибуција и помоција на филмот и аудиовизуелната дејност во Европа.

sekerno dete

Како што информира „Скопје филм студио“, филмот е оценет како – универзална, безвременска приказна за деца, со оригинална и привлечна премиса и силен драматуршки потенцијал. „Шеќерното дете“ се најде меѓу 56. селектирани од 356 прифатени пријави во ноемврискиот рок минатата година, кога македонските продукциски куќи првпат имаа можност да аплицираат.

„Шеќерното дете“ е во продукција на „Скопје филм студио“. Сценариото е напишано по мотиви од новелата „Шеќерната приказна“ од Славко Јаневски. Режисер на филмот е Игор Иванов, а продуцент е Томи Салковски.

Проектот беше промовиран на повеќе значајни филмски маркети и фестивали како „Рига Митингс“ (Рига, Литванија), Кански филмски фестивал, ЕАВЕ, Скопје Македонија, „Еуро Медитериан корпродакшн форум (Лече, Италија), Синекид (Амстердам, Холандија), КоКо ист-вест ко-продакшн маркет (Котбус, Германија) и Белинале (Берлин, Германија).

Покрај МЕДИА, „Шеќерното дете“ е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија и од Кино мрежата на ЈИЕ, која одобри поддршка за развој на проектот. Филмот е копродукција меѓу Македонија и неколку европски држави. Снимањето е планирано за на пролет, 2017 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top