Лидерот на СДСМ Зоран Заев на вечерашната прес-конференција објави дека опозициската СДСМ не оди на изборите закажани за 5 јуни годинава. Тие сметаат дека избирачкиот список не бил прочистен.
– Македонијо, без слободни избори нема слобода. Со месеци се бориме за слободни избори- еден човек еден глас. Договорот од Пржино беше потпишан за тоа да се обезбеди. Избирачкиот список не се прочистува, медиумите не се реформираат. Над 100 илјади од 330 илјади спорни гласачи не се најдени и не се избршани од избирачкиот список.
Власта не го прифати нашиот предлог и на ЗНМ за рефроми во медиумите – рече Заев.
Вечерва Собранието се распушти, а претседателот Трајко Велјановски распиша избори за на петти јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст