| четврток, 6 декември 2018 |

Босанац даде изјава за медиумите по тепачката со Шабан

Медиумите ширум регионот пренесоа информација дека на снимањето на новата емисија на „Ѕвездите на Гранд“ наводно се степале членовите на жирито  Шабан Шаулиќ и Драган Стојковиќ Босанац при што наводно интервенирала и Брза помош, но меѓутоа Босанац и луѓето од „Гранд“  продукцијата тврдат дека немало физичка пресметка.

Saban-saulic-dragan-bosanac-620x350

-Како и секогаш кога мислењата  им се спротивни дојде до вербална расправија на двајца експерти Шабан Шаулиќ и Драган Стојковиќ Босанац. Тоа е единствената вистина. Впрочем погледнете ја емисијата па ќе видите што се случило – навеле од „Гранд“ продукцијата.

Zvezde-Granda-670x502

По оваа рекација на „Гранд“ продкуцијата  на социјалните мрежи осамнаа илјадници коментари дека ова е нај лошиот начин да си го креваат рејтингот и дека вакви информации  никој не треба ниту да ги пласира ниту да ги пренесува, сепак станува збор за музичко натпреварување, а жири комисијата ако има потреба за публицитет има начини како тоа да го направи, но ова сигурно не е начин не во ова време и не во било кое време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top