| четврток, 6 декември 2018 |

Имате проблеми со тироидната жлезда? Еве што не треба да јадете

Ако имате нарушување на функцијата на тироидната или штитна жлезда, покрај советите и терапијата која ќе ви ја даде вашиот лекар, треба да избегнувате и некои видови храна, за да ги задржите вашата општа здравствена состојба, телесна тежина и енергија.

tiroidna-žlezda

Еве која храна треба да ја одбегнувате: 

Пржена храна 

Пржената храна содржи големо количество на транс-масти, па доколку консумирате лекови за тироидната жлезда, треба да бидете особено внимателни. Храната што содржи многу транс-масти може да го инхибира ефектот на лековите кои ги заменуваат хормоните на тироидата. Многу лекари препорачуваат елиминирање на пржената храна од исхраната бидејќи може да има негативно влијание и врз производтсвото на тироидниот хормон кој природно се создава во организмот.

Шеќер

Што се однесува до шеќерот, имајте на ум дека со намалувањето на неговиот внес, вие ќе имате голем број благодати. Со елиминирање или со намалување на храната што содржи рафиниран шеќер, вие ќе воспоставите нормално ниво на шеќер во крвта, што е од суштинско значење, особено ако имате автоимуно заболување на тироидната жлезда.

Храната што содржи рафиниран шеќер влијае врз функцијата на панкреасот, со што може да се развие отпорност на инсулин, а со тоа да се оштети и тироидната жлезда и да се предизвика намалено производство на хормоните.

Кафе

Ако имате некој вид нарушување на тироидната жлезда, тогаш мора да го елиминирате кафето. Ако сте страстен уживател на овој црн пијалак, особено ако сте започнале да го пиете уште како многу млади, време е да го намалите и на крај целосно да го елиминирате.

И покрај тоа што можеби нема да предизвика некоја драстична штета во вашиот организам ако го консумирате умерено, треба да знаете дека прекумерното консумирање кафе може да има опасно влијание врз функцијата на жлездите. Може да предизвика различни болести на тироидата и на надбубрежната жлезда.

Зелкаст зеленчук

Зеленчукот е многу добар за вашето здравје, но ако имате нарушување на тиродната жлезда, тогаш треба да го намалите внесот. Но, ова важи само доколку имате недостиг на јод. Значи, ако внесувате различни други важни хранливи материи во исхраната, консумирањето на брокулата и на другиот сличен зеленчук нема да ви предизвика никакви проблеми.

Глутен

Глутенот содржи протеин глијадин кој му штети на телото, а тоа значи дека здравјето на тироидната жлезда е во опасност доколку консумирате храна која содржи глутен.

Тироидната жлезда има сличен ензим на глијадинот, а тоа е трансглутаминаза, па кога се јаде храна богата со глутен, имунолошкиот систем го напаѓа глијадинот, а заедно со него и трансглутаминазата од тироидата.

До оштетување на штитната жлезда може да дојде по шест месеци консумирање глутен. Доколку имате некакво нарушување на тироидната жлезда, редовно проверувајте дали имате нетолеранција на глуен или целијакија.
Соја

Ако имате каков било проблем со тироидната жлезда, би требало да консумирате умерено соја и производи од соја. Оваа намирница може да ја блокира апсорпцијата на лекови, особено во случај на хипотиреодизам.

Исто така, треба да се одбегнува консумирањето на сојата доколку примате додатоци во исхраната како што се калциум и магнезиум или антациди кои содржат калциум хидроксид, или лекови за штитна жлезда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top