| четврток, 6 декември 2018 |

Подготвувањето коктели – повеќе од професија

  • Сите оние што сакаат да го видат единственото „Бар шоу“ организирано од Здружението на бармени на Македонија се поканети на 6. првенство на бармени на 25 април, во „Метрополис арена“. Државното првенство почнува во 11 часот со квалификации, а финалето во класична подготовка и флертендинг е во 16 часот. Во периодот додека трае првенството во рамките на Меѓународниот саем за туризам, на 25 април ќе се одржи предавање на тема: Creative & Tiki Coctails – предавач бармен на годината за 2009 година во Романија – Маријан Кукунешоски, а на 27 април – семинар на тема: Style of bartending – гостин-предавач Васко Лалиќ еден од најдобрите на германската бар-сцена. Победникот од првенството патува на World Cocktail and Flair Тending Competition во Прага. Агенциите за посредување за работа во странство во сегментот угостителство потврдуваат дека оваа професија е виза за подобар почетен статус.

  • filip-5

  • Здружението на Бармени на Македонија официјално почна да работи во 2005 година. За краток период го подигна нивото на македонските бармени како и угостителската дејност во Македонија. Сѐ повеќе се бараат коктелите од  потрошувачите, а менаџерите на кафе-баровите сѐ повеќе ги бараат коктел- мајсторите. За период од две години дејствување на територијата на Македонија, Здружението стана полноправен член на International Bartenders Association (IBA). Здружението на бармени на Македонија е организатор на официјалните државни првенства на бармени на Македонија. Досега се организирани пет, а во подготовка е шестото првенство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top