Денеска, 6 април, во 20 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи промоцијата на уште една книга од едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката книга „Или-или“, збирката раскази „Чејка и чајка“ на Вера Чејковска.
За книгата ќе зборува промоторот проф. Иван Џепаровски.
За љубителите на расказите, оваа збирка ќе претставува патување во несекојдневното, зачудното и (над)реалното, со многу елементи на прозни изненадувања. Иако Чејковска на публиката досега и’ беше позната по неколкуте нејзини поетски објави, со оваа книга таа влегува и во прозните води, храбро надоврзувајќи се на најдоброто во македонската раскажувачка традиција. Токму затоа и индикативниот поднаслов на „Чејка и чајка“ гласи „зборови за кои не знаеме од каде доаѓаат”.
Вера Чејковска (Скопје, 1954) е македонски поет, есеист, доктор на физички науки, добитник на македонските поетски награди „Млада Струга“, „Кочо Рацин“, „Ацо Шопов“ и „Браќа Миладиновци“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.