| четврток, 6 декември 2018 |

Совети за лесно симнување на килограми

Слабеењето е повторно во мода затоа што првите пролетни денови ги донесоа и вообичаените проблеми со облеката која досега висеше во плакарот и ја чекаше сезоната –  станала премала.

слаб

Предлагаме усвојување на овие пет здрави навики кои ќе го забрзааат топењето на насобраното сало и симнувањето на килограмите без диета и вежбање.

Јадете банани – секоја банана содржи дури 500 мг калиум, кој е познат по тоа што одлично го забрзува метаболизмот.

Јадете протеини – освен што се градежен материјал за мускулите, протеините помагаат заљ согорување на маснотиите, па слободно навалете на рива, пилешко, мисиркино и слично…

Пијте повеќе вода – барем литар ипол на ден, затоа што добро хидритизираното тело полесно ги исфрла токсините и вишоците од себе, а еве и еден совет – ако сте жедни, веќе сте дехидрирале, затоа пијте пред да почувствувате жед.

Пијте зелен чај – две шолјички зелен чај дневно ќе ви помогнат во топењето на маснотиите во телото, а нема значајно да го зголемат внесувањето на кофеин.

Намалете го стресот – хормонот на стрес кротизол, кој се излачува во стресни ситуации, придонесува за дебелеење. Затоа, помалку стрес – помалку килограми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top