Вечерва се одиграа два натпревари од 24. коло во Првата македонска кошаркарска лига.
Во СЦ „Јане Сандански“ се одигра „вечното“ дерби во кое МЗТ Скопје Аеродром овој пат победи против Работнички со 81-71.
Иако гостинскиот тим го имаа водството во поголемиот дел од натпреварот, сепак актуелниот шампион со серија од шест „тројки“ успеа да направи комплетен резултатски пресврт и по трет пат сезонава да го совлада Работнички.
Најефикасни во редовите на МЗТ Скопје беа Ѓорѓе Дреновац со 24 и Дамјан Стојановски со 17 поени.
Кај поразениот Работнички најмногу поени постигнаа Димитар Мираковски (23) и Ѓорѓи Чековски (19).
Во вториот натпревар Бест на домашен терен во Гевгелија беше поразен од Фени Индустри со 81-63.
Утре ќе се одиграат преостанатите два меча. Второпласираниот Карпош Соколи гостува во Куманово, а Кожув е домаќин на Струмица. Двата натпревари се закажани од 19 часот.
Табела:
МЗТ Скопје Аеродром 22-2 (победи-порази)
Карпош Соколи 17-6
Фени Индустри 16-8
Куманово 15-8
Работнички 10-14
Кожув 10-13
Струмица 4-19
Бест 0-24
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.