| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ подготвен за избори, ја чека оценката од ДИК

Zaev so partneri1

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од генералниот секретар на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска се сретна со партнерите од здружената опозиција, се вели во соопштението од СДСМ.

Во него се напоменува дека СДСМ и коалициските партнери едногласно заклучиле дека „се подготвени за избори во секој момент на коишто постои цврста убеденост дека промени ќе се случат, но дека обврска на сите институции и политички субјекти е во Република Македонија да се спроведат фер и регуларни избори“.

  • Без прочистен Избирачки список не може да бидат организирани и спроведени фер и регуларни избори. Оттука СДСМ и коалициските партнери очекуваат реална оценка од Државната изборна комисија којашто ја има одговорноста за доверлив Избирачки список, се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top