| четврток, 6 декември 2018 |

Новиот трансфер на мигранти за Турција одложен поради Грција

ми

Следниот трансфер на мигранти од Грција во Турција, согласно договорот меѓу ЕУ и Анкара, одложен е за крајот на седмицата на барање на официјална Атина, соопшти турски функционер, кој побара да не биде именуван, пренесува Танјуг. ­

Трансферот е одложен од среда за петок. Грција не можеше да ги испрати тие луѓе. Овде се е подготвено, но добивме порака од грчката страна, вели тој. Грчката Влада претходно призна дека процедурата за трансфер на мигранти е забавена поради зголемување на бројот на барања за азил на мигрантите на грчките острови Хиос и Лезбос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top