| четврток, 6 декември 2018 |

Лила го покажа Банкарот! (ФОТО)

Популарниот квиз „Се или нешто“ се емитува цели пет години на Сител телевизија, но досега не сме имале можост да дознаеме детали околку идентитетот на банкарот.

lila

Она што е познато, е дека банкарот односно личноста која е одговорна за милионот, освен економијата има познавања од разни области, па секогаш со натпреварувачите кои играат против него знае да сподели интересни анегдоти кои ги пренесува неговата претпоставена, водителката Лила.

Па така, во најновото издание на „Се или нешто“, во играта на кандидатот Бобан Велков од Скопје, банкарот се опушти да каже нешто повеќе за себе.

bankarot

Најпрвин, Бобан сподели дека дел од освоените пари можеби ќе ги потроши за да го реши проблемот со ќелавоста, а пак Лила се надоврза и откри дека и банкарот е ќелав. Тој пак не додржа и веднаш заѕвони на телефон за да дополни дека освен што е ќелав, носи и шешир. Ова е првпат поселе пет години верните гледачи на квизот да дознаат нешто повеќе за човекот кој е најголемата мистерија од популатната ТВ игра.

bald-man-2_000005398392XSma

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top