Калифорниска телевизиска екипа што се води за исчезната во 2002 година зад себе оставила снимка што сведочи дека под мразот на Антарктикот постојат древни урнатини што сведочат за постоење древна цивилизација што некогаш живеела на овој простор. Освен оваа екипа, мисија спровела и Морнарицата на САД, тврди археологот и авантурист Џонатан Греј од World Education Research Ltd во најновите археолошки вести.
Портпаролот на компанијата своевремено рекол дека „Владата на САД рекла дека ќе го спречи емитувањето на снимката што ја пронашле членовите на Морнарицата на САД, а која открива масовно археолошко наоѓалиште 3.200 метри под површината на мразот“.
– Екипата на ТВ „Атлантис“, која ја направи снимката, сѐ уште се води како исчезната – наведува Греј.
Адвокатите на екипата своевремено велеа дека на компанијата ѝ е најважна безбедноста на екипата, но дека ќе се спротивстават на сите обиди да се цензурира материјалот кој очигледно ја интересира јавноста.
– Ледениот континент не ѝ припаѓа на ниту една нација, истакнуваат тие. „САД немаат јурисдикција на тој простор“.
– Снимката е во сопственсот на „Атлантис“, ние ја направивме, што значи наша е, а кога ќе ни ја вратат, планираме да ја објавиме, децидни се од калифорниската телвизија.
Греј тврди дека двајца членови на Морнарицата на САД до детали опишале пред советот на Националната научна фондација што виделе на снимката. На снимката се прикажани спектакуларни рушевини и други работи во кои „не смееле да навлегуваат“.
Официјалните претставници на Морнарицата на САД ја негираат приказната и негираат дека постои каква било снимка што ја снимила исчезнатата екипа на „Атлантис“.
Извори од Морнарицата дека нашле снимка во напуштена дупка за снабдување 160 километри западно од станицата Восток.
Многумина сметаат дека на снимката е прикажан загубен град на Антарктикот.
Меѓународен тим од американски и европски истражувачи тврдат дека откриле древни пирамиди на континентот прекриен со мраз. Деталите се непотполни, но објавени се три фотографии од кои се наѕира за што станува збор. Две од трите огромни пирамидални структури се пронајдени на околу 15 километри во внатрешноста, а третата се наоша недалеку од брегот и јасно се гледа од океанот.
Планирана е експедиција до една од пирамидите за да се утврди дали станува збор за природни или бештачки градби. Последните записи на тимот се забележани на 29 август 2012 година.
Истражувачот Џонатан Греј наведува дека артефактите кои претставуваат напредна древна технологија обично се сокриваат затоа што не се согласуваат со актуелните академски верувања. Притоа, се уништуваат или се сокриваат сите докази. Тој наведува дека државите како што се Перу, САД, Израел, Нов Зеланд, Франција и Австралија сокриле бројни докази.
Што сѐ кријат државите за нашето потекло?
– Вид стакло од Египет и Перу кое може да се свива како пластика
– Проектори што се користеле во египетските храмови со симулација на звук
– Артефакти и градби оставени на Месечината (за кои постојат записи)
– Сателитот Црн витез
– Древен подземен комплекс откриен во јужна Калифорнија во кој е пронајдени мапи на ѕвезди запишани на алуминиумски плочи
– Микротехнологија пронајдена во Русија и објекти кои се помали од милиметар
– Мапи на древниот свет кои го прикажуваат Антарктикот без мраз
Греј, исто така, тврди дека официјалните теории не се сложуваат со работата на Захариј Сичин, кој тврди дека вонземјани од расата Анануки од планетата Нибиру ја посетиле Земјата. Сичиновите преводи на сумерското клинесто писмо не се поклопуваат со востановеното размислување.
Џонатан Греј е меѓународен истражувач, археолог и автор кој го пропатувал светот собирајќи податоци за древните мистерии. Во последниве 37 години тој објаснил многу неистражени места, вклучувајќи и делови од Амазонија. Во текот на истражувачката работа пронашол многу артефакти кои укажуваат дека светот и неговото постоење не се онакви како што се прикажани во учебниците. Што е најчудно, постои извесен глобален шаблон за овие артефакти, што укажува на постоење на древна цивилизација од невидени размери.
Тајните на мртовците
– Египќаните дупчеле гранит со дупчалки кои се вртеле 500 пати побрзо од модерните дупчалки.
– Кинезите во патеписите од Северна Америка во 2200 година пред нашата ера пишуваат за изгревот на сонцето над Големиот Кањон, црниот опал и златото во Невада, но и за фоки кои пливкале во заливот во Сан Франциско.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.