Во светот во петокот одекна веста дека главната ѕвезда на индиската серија „Малечката невеста“, актерката Пратиша Банерџи (24) е пронајдена мртва во својот стан во Мумбаи, а сомнежите сѐ повеќе укажуваат дека се самоубила поради својот свршеник, продуцентот Раул Раџ.
Расул и Пратиша биле во врска година и пол дена, а нивната врска била и тоа како турбулентна. Постојат сомнежи дека актерката била бремена кога извршила самоубиство, со оглед на тоа дека на обдукцијата ѝ е пронајдена течност во матката, која укажува на рана бременост.
Поради љубовните проблеми со свршеникот, Пратиша била депресивна и одбивала дружење, дури и работни ангажмани, што го потврди и индискиот продуцент Викас Гупта.
-Еднаш Пратиша нѐ покани да дојдеме во нејзиниот стан. Кога пристигнавме, ја затекнавме со повреда на носот и со модринка под окото. Ја фотографираме и дадовме изјава во полиција за да почне таа да ја гледа целата ситуација од друг агол и да стави крај на врската што ја уништуваше“ – раскажала актерката Камџа Панџаби.
-Мислам дека некој ја убил, но ако утврдат дека станува збор за самоубиство, тогаш немам сомневање дека некој ја приморал да го стори тоа – изјавил актерот Ајаз Кан.
Инаку, Раул не беше омилен во друштвотото и никој од пријателите на Пратиша не го сакал, ниту се дружел со него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.